Четири гола на Пароло во победата на Лацио над Пескара

од desk2
88 прегледи

Денешните натпревари од 23. коло во италијанската Серија А, минаа во знакот на Марко Пароло, кој постигна четири гола во победата на Лацио на гостувањето кај Пескара со 6-2.

Во листата на стрелци кај гостите се запишаа и Кеита Балде и Чиро Имобиле, додека головите за домаќините ги постигнаа Бенали и Бругман, а Цапрари не искористи пенал.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев беше стартер во тимот на Џенова за кој одигра 68. минута, во поразот на оваа екипа на домашен терен од Сасуоло со 0-1.

На останатите натпревари одиграни попладнево, беа постигнати овие резултати: Милан – Сампдорија 0-1, Емполи – Торино 1-1, Киево – Удинезе 0-0 и Аталанта – Каљари 2-0.

Од денешната програма остануваат да се одиграат уште две средби. Од 18 часот ќе се игра натпреварот, Палермо – Кротоне, додека во вечерниот термин од 20.45 часот ќе стартува дербито меѓу Јувентус и Интер.

Последниот меч од ова коло на програмата е во вторник, а во него Фиорентина ќе биде домаќин на Рома.

Табела: Јувентус 51 бодови, Наполи 48, Рома 47, Лацио 43, Интер 42, Аталанта 42, Фиорентина 37, Милан 37