
Летото е сезона, во која преферираме да конзумираме полесни јадења, за да се спречи чувството на тежина во горештината. Изборот на мени сепак е важен и од гледна точка на фигурата, а тука не станува збор само за храна, туку и внимаваме на таложењето на маснотии. Затоа постојат производи кои помагаат во согорувањето на калории. Еве и некои предлози во таа насока.
1. киноа
Тоа е ѕвездата во исхрана, која треба да биде присутна во секој план за слабеење.
Во количеството од една чаша кино се содржат 8 г протеини и 5 г влакна, а освен тоа добиваме железо, цинк, селен и витаминот Е. кино се подготвува исто толку лесно како оризот.
2. Цимет
Според податоците на некои студии циметот има стабилизирачки ефект врз нивото на шеќерот во крвта. Ова може да ограничи апетитот, особено кај луѓето со дијабетес тип 2.
Скоро секој може да го искористи циметот во своето секојдневие. Можеме да го додадеме во кафето, чајот или јогурт за повеќе сладост, без непотребни калории.
3. лути пиперки
Во нив се содржи соединението капсаицин. Тој има својство да го намалува апетитот и да го забрзува метаболизмот, но само за кратко. Според специјалисти не се очекува да има големо влијание врз тежината, освен ако не ја намалиме потрошувачката на храна.
4. Зелен чај
Во податоците на некои студии се наведува дека зелениот чај може да помогне во губење на тежината затоа што го стимулира согорувањето на мастите. Во него се содржат катехини – вид фитохемикалии кои може да влијаат на метаболизмот.
За да има најголема корист, може да пиеме зелен чај неколку пати на ден