Четири пожари по земјотресот во Скопје

од Vladimir Zorba

pozarnikari

Противпожарната бригада на Скопје попладнево изгасила четири пожари предизвикани од земјотресот, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК командантот на бригадата Благоја Менкиновски.

Два пожара се случиле во населбата Аеродром и два во населбата Чаир. Пожарите биле предизвикани од запалени електромотори на лифтовите поради краток спој што бил предизвикан од потресот.

Во моментов пожарите се изгаснати, а сите 240 пожарникари од Скопската бригада се во приправна состојба, изјави Менкиновски.

Слични содржини