Камил Штох славеше и на втората скокалница од новогодишната турнеја Четири скокалници која се одржа во Гармиш–Партенкирхен.

Полјакот во Германија славеше со скок од 135,5 и 139,5 метри, што му донесе вкупно 238,4 поени.
Второто место му припадна на Ричард Фрајтаг (132 и 137 метри), а трето место на Андреас Фанмел (132,5 и 136,5 метри)
Штох во вкупниот поредок на турнејата води со 563,1 поен пред Фрајтаг кој има 551,3 поени.