Четворица пациенти ја загубија битката со коронавирусот во штипскиот ковид-центар. Портпаролот на Клиничка болница – Штип, Марина Шуманска информира дека двајца од пациентите се од Радовиш на возраст од 72 и 73 години, а другите двајца од Штип на возраст од 78 и 79 години. Пациентите имале и други здравствени проблеми, а тројца од нив биле и невакцинирани, објави МИА.
Инфектолозите велат дека есенскиот бран на делта сојот е карактеристичен што пациентите им доаѓаат во исклучително тешка состојба и веднаш се ставаат на постојана кислородна поддршка. Во моментов зависни од кислород се 44 пациенти, а во Инфективното и Кожно одделение има слободни по четири болнички кревети.
Само за пет дена во ковид – центарот битката ја загубија 13 пациенти, додека во рок од две недели вкупно 20, а 80 отсто од починатите се на возраст од над 60 години и се од речиси сите градови во Брегалничкиот регион.