Четворица вработени во „Ремедика“ во самоизолација по породувањето на жената со ковид-19

од Берта Китинска
316 прегледи

Од приватната болница „Ремедика“ четири медицински лица се во самоизолација кои учествувале во породувањето на жената која пред три дена се породила во оваа болница, а за која е утврдено дека е позитивна на коронавирус, соопшти директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Иринка Бухова-Сотирова.

Се работи за родилката која претходно на 6 овој месец била примена и на Клиниката за гинекологија и акушерство и каде што не открила дека имала контакт со лице кое е позитивно на ковид-19, додека во „Ремедика“ кажала дека во семејството има член со респираторен проблем.

Бухова-Сотирова рече дека по извршениот надзор во двете болници не се утврдени прекршувања на алгоритмите и протоколите за заштита од ковид-19.

Во „Ремедика“, откако пациентката била тестирана и е утврдено дека е позитивна на ковид-19, била сместена во посебна просторија и со неа контактирал посебен персонал со заштита по што таа била префрлена на Инфективната клиника.

Слични содржини