Турската влада денес нареди апсење на 149 лица, претежно безбедносни службеници, под сомнение дека се поврзани со мрежата на Анкара, која, наводно, организирала неуспешен пуч во 2016 година.

Канцеларијата на обвинителот во западната провинција Баликешир нареди апсење на 74 лица, кои претходно беа отпуштени од безбедносните служби, а меѓу нив има и шестмина поранешни началници на полицијата и службеници за безбедност, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на турската новинска агенција Анадолија.
Обвинителството на југоисточната провинција Газиантеп нареди апсење на 33 лица, меѓу кои и 24 активни припадници на безбедносните сили, додека апсењето на 42 лица, меѓу кои и шестмина војници, е нарачано во Бурса, во западна Турција.
Од 2016 година, околу 80.000 луѓе чекаат на судење, додека 150.000 државни службеници, припадници на војската и други дејности се отпуштени или суспендирани под сомнение дека учествувале во пучот.
Официјална Анкара, како организатор на пучот, го означи имамот Фетулах Ѓулен, кој се наоѓа во Америка.