Читате книга легнати? Џвакате молив…Наивни лоши навики кои атакуваат на здравјето

од desk2
83 прегледи

 

Овие лоши навики делуваат наивно, но всушност се вистински загрозувачи на здравјето. Избегнувајте да го допирате лицето и очите со раце, не одложувајте го одењето во тоалет, не читајте лежејќи…

Допирање на лицето и очите

Избегнувајте да го допирате лицето со раце, затоа што на тој начин може да предизвикате разни инфекции, како појава на акни и херпеси. Ако ги триете очите, може да добиете конјуктивитис, што е многу непријатна инфекција, која вклучува воспалени, солзеже на очите, пецкање и осетливост на светлина.

Задржување на кивањето

Главна функција на кивањето е да се ослободите од бактериите, вирусите и честичките прачина. Кога го задржувате кивањето, не дозволувате телото да се ослободи од штетната прашина. Освен тоа, притисокот се враќа во телото, а кога киваме воздухот излегува со брзина од 160 км/ч. Така може да го оштетите слухот, да го зголемите крвниот притисок или да го оштетите хранопроводот.

Лупење семки со заби

Семките од сончоглед се многу вкусни, но не треба да ги лупите со заби, туку со раце. Стоматолозите велат дека според оштетувањето на забите може точно да се препознаат лицата кои лупат семки со заби.

Џвакање предмети

Некои луѓе џвакаат моливи, пенкала, спајалици и други цврсти предмети додека нешто работат. Со тоа ја оштетуваат забната глеѓ и тоа е причина да не крцкате ореви, да не џваката мраз или лижалчиња.

Читање во легната положба

Кога читате, книгата не треба да ви биде преблиску до очите, вратот и рбетот треба да се рпави, не треба да лежите на страна, затоа што оддалеченоста на книгата постојано се менува.Затоа треба да се чита во седечка положба.

Одложувате да одите во тоалет
Докторите се согласуваат дека не треба да трпите и да го одложувате одењето во тоалет, затоа што тогаш ги оптоварувате мускулите, што доведува до инфекции на уринарниот тракт и констипација.

Често џвакање мастика

Џвакањето стимулира желудочни сокови, затоа не треба да џвакате пред оброк. Тоа може да доведе до гастритис, па и до појава на чир. Гумата за џвакање предизвикува лачење плунка, која пак може да ги оштети пломбите.