Членките на Г20, освен Русија и Кина, ја осудија војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Мнозинството од членките на Г-20 остро ја осуди војната во Украина, а со тоа не се согласија само Русија и Кина, соопшти денеска претседавачот Индија, по состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 во Њу Делхи.

Последниот документ на Индија во голема мера се држи до формулацијата слична на онаа од минатата недела, објавена по состанокот на финансиските лидери на Г20, објави „Ројтерс“.

И за време на тој состанок во Бангалор минатата недела, Русија и Кина не се согласија да ја осудат војната во завршното соопштение, наведе британската новинска агенција.

Слични содржини