Членови на Владата имале контакт со Заев, чекаат насоки од Филипче дали ќе се тестираат

од Берта Китинска
371 прегледи

Минисерката за финансии Нина Ангеловка на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање истакна дека  членови на Владата имале контакт со претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој е тестиран за Ковид19, откако имал контакт со заболено лице.

-Секако дека сме биле во комуникација со претседаелот на СДСМ.  Станува збор за самоизолација која трае 14 дена. Резултатите не се познати. Ако треба да се тестираме го имаме министерот за здравство кој ќе ни каже. Сепак, резултатите не се излезени. Во Владата секако дека на дневно ниво сме во релација и ова на долг рок нема да го издржиме да беагаме еден од друг и во овој период мора да се заштитиме и затоа и кога ги имаме состаноците сите седиме на два метра и сите носиме маски, изјави Ангеловска.

Слични содржини