Чоколаден колач без јајца

од Stefanija Kuzmanovska

Фантастичен десерт кој се подготвува брзо.

Состојки:

Бисквит:

– 3 јогурти (3×180 g)

– 300 гр брашно

– 250 гр шеќер

– 120 мл масло

– 25 гр какао

– 2 лажички сода бикарбона

– путер за премачкување на тепсијата

Глазура:

– 150 гр путер

– 150 гр чоколадо за готвење

– 120 гр шеќер

– 120 мл млеко

Подготовка:

Две до три минути измешајте ги со миксер јогуртот, брашното, шеќерот, маслото, какаото и содата бикарбона.

Смесата истурете ја во тепсија премачкана со путер и печете во рерна загреана на 200 степени околу 20 минути.

Потоа направете ја глазурата.

Растопете го путерот на шпоретот, извадете го, па измешајте го чоколадото искршено на коцки и млекото, па измешајте додека не добиете изедначена смеса.

Изладете го колачот и покријте го со чоколадна глазура.

Послужете го колачот со шлаг, а по желба можете да го послужите и со бобинки.

Слични содржини