Чоколаден колач кој се подготвува за 20 минути

од Stefanija Kuzmanovska

Кога немате време да подготвите покомплициран десерт, направете го овој брз и вкусен колач.

Се пече за помалку од 20 минути.

Состојки:

300 грама брашно
215 грама шеќер
30 грама какао
лажичка и пол прашок за пециво
80 милилитри маслиново масло
лажица бел оцет
200 грама темно чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и подмачкајте плех и обложете го со хартија за печење.

Во сад измешајте ги брашното, шеќерот, какаото и прашокот за пециво. Направете вдлабнатина во центарот, па додадете масло, оцет и 330 милилитри вода.

Полека мешајте да се соединат сите состојки.

Истурете ја смесата во подготвениот плех и печете 17 минути или додека чепкалката за заби не „излезе“ чиста кога ќе го прободите колачот.

Оставете малку да се излади, па стопете го чоколадото на пареа и прелијте го колачот.

Слични содржини