Чоколадна торта

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

Подлога:

– 230 гр брашно

– 2 лажици какао

– 100 гр шеќер + еден ванилин шеќер

– 100 гр ладен путер

– 1 јајце

– 1/2 кесичка прашок за пециво

Крем:

– 500 мл млеко

– 2 чоколадни пудинга

– 250 гр шеќер

– 100 гр чоколадо (темно или млечно)

Глазура:

– 200 гр млечна чоколада

– 200 мл слатка павлака

Подготовка:

Подгответе ја основата. Сувите состојки убаво измешајте ги, па додадете го путерот исечкан на коцки, а потоа и останатите состојки.

Месете го тестото со раце, кратко, додека не формирате топка. Завиткајте во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер додека го подготвувате калапот.

Намачкајте го дното на калапот од 24 сантиметри со путер. Премачкајте ги и рабовите, но обложете ги со хартија за печење.

Извадете го тестото од фрижидер и пресечете го на половина. Едниот дел развлечете го во кружна форма и ставете го на дното, а другиот во долгнавеста форма со која ќе го покриете обрачот од калапот.

Соединете ги двата дела од тестото, така што ќе се преклопат за неколку сантиметри.

Тестото притиснете го со прстите за да биде насекаде иста дебелина. Прободете ја целата површина со вилушка, па ставете ја во фрижидер додека го подготвувате кремот.

Вклучете ја рерната на 170 степени.

Подгответе го кремот. Оставете го млекото да зоврие со шеќерот, одвојте малку од млекото и изматете го пудингот. Кога пудингот ќе се згусне додадете ги сечканото чоколадо.

Истурете го кремот врз подлогата и ставете ја во рерна 70 минути. Исклучете ја рерната и оставете ја тортата внатре уште 10 минути.

Извадете ја тортата и оставете ја да се излади на собна температура. Потоа ставете ја во фрижидер неколку часа или преку ноќ.

Подгответе ја глазурата. Чоколадото искршете го и прелијте го со слатката павлака. Загрејте со постојано мешање додека да се растопи чоколадото. Прелијте со изладениот колач.

Слични содржини