Chrome целосно ќе ја блокира автоматската репродукција на видео со звук

од Vladimir Zorba

Од верзијата 64 Chrome ќе го запре автоматското репродуцирање на звук од видеа од повеќето сајтови. Сега од Google најавија дополнителни промени, кои ќе стапат во сила од верзијата 66. Воведени се дополнителни критериуми, за да можат сајтовите да им пуштаат на своите посетители клипови со звук. Листата е исклучително долга и практично неможе да се исполни речиси од сите, па и во реалниот живот ќе биде речиси невозможно во блиска иднина да се пушта автоматска репродукција на видео со звук.

Од публикацијата на блогот на Chromium станува јасно дека корисникот ќе мора да кликне на соодветниот сајт, за да активира автоматска репродукција на звук. Во мобилната верзија, ова ќе биде можно ако страницата се додаде на почетниот екран на уредот. При десктоп верзија, прелистувачот ќе земе во предвид дали корисникот гледал често мултимедија од дадениот сајт пред да дозволи автоматското пуштање на видео со звук.

Chrome 66 содржи и предупредувања за проблематични апликации од трети страни, како и отстранување на сертификатите на Symantec.
Конечната верзија се очекува во наредните недели.

Слични содржини