Чудо од блендер: Слатки мафини од тиква

Состојки:

– 2 јајца
– 1 лажичка нерафиниран кафен шеќер
– 300 гр пире од тиква
– 100 гр оризово брашно
– 60 гр скроб од компир
– 1 лажичка прашок за пециво
– 1 лажичка цимет
– 1 цм свеж ѓумбир
– семки од тиква

Подготовка:

Во поголем сад, измешајте јајца и шеќер, се додека грутките од шеќерот не исчезнат.

Додајте го пирето од тиква и соединете.

Измешајте го брашното, скробот и прашокот за пециво.

Излупете го парчето ѓумбир и на ситно исечкајте го и дададете го во смесата, исто како и цеиметот.

Доколку користете метални калапи, намачкајте ги со маргарин. Доколку користите силиконски, оваа постапка е непотребна.

Наполнете ги калапите. На врвот од секој мафин додадете малку семки од тиква.

Мафините ставете ги да се печат на 180 степени околу 20 минути.

Слични содржини