Чудо во Каиро: Бебе преживеа уривање на десеткатница (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Спасувачките екипи пронајдоа шестмесечно бебе кое преживеа пад на десеткатница во Каиро, соопштија египетските власти.

Мајката, таткото и сестрата на бебето биле пронајдени мртви. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по постариот брат на бебето.

Најмалку 25 лица загинаа во саботата при уривање на зграда во популарна населба Каиро.

Неколку згради се срушија во последните неколку години во Египет и имаше многу жртви во тие несреќи. Причините се често дотрајност или непочитување на урбанистичките прописи.

Слични содржини