„Чудотворниот“ лек на Трамп против коронавирусот: Никаква корист и повеќе смртни случаи

од Nikola Popovski
250 прегледи

Лекот против маларија, кој се сметаше како можен лек за „Ковид-19“, не покажа никаква корист во борбата против болеста во однос на стандардната нега и всушност беше поврзан со повеќе смртни случаи, покажала најголемата студија од ваков вид објавена во среда.

Анализата, финансирана од САД за тоа како американските воени ветерани реагирале на хидроксихлороинот сè уште не е рецензирана.

Тој експеримент имаше неколку важни ограничувања, но покажал ново сомневање за ефективноста на лекот, за кој најмногу се залагаше американскиот претседател Доналд Трамп и десничарско-ориентираната телевизиска станица, Фокс Њуз.

Научниците ги испитале медицинските досиеја на 368 ветерани хоспитализирани низ целата земја, кои починале или се излечиле до 11 април.

Стапката на морталитет кај пациенти на хидроксихлороин е 28 проценти, споредено со 22 проценти, кај тие кои го користеле лекот со антибиотикот азитромицин – комбинација за која се залагаше францускиот научник Дидиер Раул, чија студија на оваа тема во март предизвика глобален интерес.

Бројот на починати кај оние кои примале самостојна нега е 11 проценти.

Хидроксихлорокин, со или без азитромицин, повеќе бил препишан кај пациенти со потешка форма на Ковид-19, но авторите на студијата откриле дека зголемената смртност опстојува дури и откако статистички се прилагодиле на повисоките стапки на употреба.

Покрај тоа, резултатите се тешко да се генерализираат затоа што учесниците во студијата биле многу специфични. Повеќето мажи биле на возраст над 65 години и со црна боја на кожата – група која е неразмерно засегната од основните заболувања како што се дијабетес и срцеви заболувања.

Само во групата која била лекувана само со хидроксихлорохин, не постоел дополнителен ризик од приклучување на респиратор, што ги натерало авторите на студијата да ја препишат зголемената смртност на таа група на нус-појави надвор од респираторниот систем.