Чулев: Можно е ограничување на движењето на луѓето

од Aleksandar Todeski
429 прегледи

По зголемениот број на заболени од коронавирусот, техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев не ја исклучува можноста да се ограничи движењето на луѓето. На прашање дали можеби се разислува за воведување на кризна состојба во Скопје, бидејќи сега е надминат бројот на заболени во главниот град отколку во Дебар, тој посочи дека тоа е одлука на владата.

„Па веројатно е зголемен зошто има повеќе жители. Одлуката треба да биде донесена на влада. Го зболемивме бројот на полиција на терен, за контрола на лицата во изолација и самоизолација. Можеби во нареден период ќе се донесат поригорозни мерки, во смисла на ограничување на движењето на луѓето“, вели Чулев.

Тој претходно информираше дека при проверки од МВР синоќа регистрирало 27 лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација и едно лице кое не ја почитувало мерката за изолација.

Слични содржини