Чулев: Уредбите ќе бидат доставени на идната владина седница

од Aleksandar Todeski
446 прегледи

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, во изјава за „Локално“ вели дека треба добро да се разгледаат Уредбите пред тие да бидат доставени на владина седница, со цел да не бидат изгласани, па веднаш другиот ден изменети.

Во делот за Уредбата за личните документи, Чулев посочува дека вчера бил на владина седница, па затоа не стигнал да ја потпише, но дека веќе на идната владина седница ќе бидат доставени дел од Уредбите кои го подготвува МВР.

„Денес имавме координативно тело, ги догворивме сите оние работи за МВР, за кои треба да се изготват Уредби, па денес или утре да ги доставуваме. Не е само да се избрза. Или во текот на утрешниот, или во текот на денешниот ден, дел од Уредбите ќе ги доставиме“, вели Чулев за „Локално“.

Помеѓу оние кои се подготвуваат од страна на МВР, Чулев вели дека се и Уредбата за престој на странски државјани, Уредбата за делот кај автошколите, односно за продолжување на важноста на лекарското уверение, како и Уредба за лични документи.

„Има и Уредба за продолжување на важноста на сообраќајни дозволи, но таа сметам дека не треба да се донесе. Прво треба консензус на ниво на МВР. Со дополнителниот заменик сме на иста линија, дека треба да се донесат Уредби. Денеска ако има седница, една две или три Уредби ќе бидат доставени“, истакнува техничкиот министер.

Александар Тодески

Слични содржини