Актуелно
Почетна / Македонија / Чулев за себепромоција и лажен успех, загрози меѓународна операција, а од друга страна граѓаните се уште се без патни исправи

Чулев за себепромоција и лажен успех, загрози меѓународна операција, а од друга страна граѓаните се уште се без патни исправи

На лажните вести и нереалните крими сценарија на ВМРО-ДПМНЕ им нема крај. Секојдневно потврдуваат дека немаат со што друго да настапат пред граѓаните, па измислуваат непостоечки и вештачки конструирани случаи.

ВМРО-ДПМНЕ се без идеја, без програма и без визија за државата и граѓаните.

Овојпат, во трка по ексклузивни информации и покривање на  лажни тези, дека техничкиот министер за внатрешни работи  се бори против криминал и корупција, се доведе голема акција во ризик. Се работи за акција, со меѓународен канал, започната во време кога Оливер Спасовски беше министер.

Техничкиот министер Чулев за еден килограм кокаин можеше  да ја растури цела интернационална операција. А истовремено, имаме проблем и за вадење на патни исправи и лични документи. Проблем со кој очигледно техничкиот министер не  знае да се справи, а цената ја плаќаат повторно граѓаните.

Очигледно е и дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада заради партиски интереси грубо ги кршат и Уставот и законите.

Пример за тоа се и Чулев и Мизрахи кои наместо да си ја вршат функцијата за која се поставени  за изборите, да имаме фер и мирен процес, тие се обидуваат да се докажуваат, па прават киксови кои можат да бидат негативни за нашата држава. До таа мерка да го кршат Уставот и законите, а  под прашање го ставаат целиот систем и неговото функцинирање.

ВМРО-ДПМНЕ ниту како опозиција ,ниту како власт не била на страната на државата и граѓаните. Оваа партија секогаш работела за свои лични и внатрепартиски интереси. Затоа граѓаните на 12 април ќе порачаат режим – никогаш повеќе!, се вели во соопштението на СДСМ.

loading...