„Чувај ми го грбот“: Порака на Путин до Лукашенко пред нападот врз Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку дена пред почетокот на конфликтот во Украина, рускиот претседател Владимир Путин побарал од својот белоруски колега Александар Лукашенко да му го „чува грбот“ во случај ситуацијата да тргне во несакана насока, изјави Лукашенко во интервју за украинската новинарка Дијана Панченко.

„Слушај, Саша, знаеш, таква е ситуацијата, ако не дај Боже се случи нешто, дали сме ние сојузници?“, се присети Лукашенко на зборовите на Путин.

Белорускиот претседател истакна дека позитивно му одговорил на рускиот колега и го потсетил дека имаат „практично обединета армија“. Тој го прашал рускиот претседател „што може да се случи?“.

„Сè е можно, чувај ми го грбот, те молам“, го цитирал Лукашенко Путин.

Според Лукашенко, рускиот претседател „се плашел дека Западот ќе му забие нож во грб“.

Слични содржини