„Чуварите на галаксијата: Втор дел“си го задржа првото место во филмскиот боксофис преку океанот

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Вторaтa епизода на “Чуварите на галаксијата” и еклектичната банда херои  го задржа првото место на чело на боскофисот на Северна Америка. Ова го покажуваат прелиминарните податоци објавени во неделата од “Егзбитор рилејшнс”. Екипата вселенски авантуристи, предводена од Крис Прат, си обезбеди уште 63 милиони долари за втора недела во кината во САД и Канада.

Филмот направи моќен прв викенд и веќе собра 246,2 милиони долари приходи во Северна Америка.

Акционата комедијата Snatched е на второ место со 17,5 милиони. Во неа режисерот Џонатан Левин по сценарио на Кети Диполд ја собира Ејми Шумер и Голди Хоун како мајка и ќерка на прекрасно место во Јужна Америка, но искуството за прекрасен одмор се претвора во катастрофа.

Двете жени стигнаа пред “Кралот Артур: Легендата за Екскалибур”. Со визуелна атмосфера, достојна за “Господарот на прстените”, акцијата го следи доаѓањето на власт на младиот Артур (Чарли Ханам), кој успева да го скроти познатиот меч Екскалибур. Епската слика собра 14,7 милиони за прв викенд во кината.

Четвртата позиција е за Брзи и бесни – 8, кој е далеку назад со 5,3 милиони за петта недела, но со 215 милиони долари вкупно.

Цртаниот филм на студиото “Дримворкс” (Dreamworks) Baby Boss е поставено на петтата позиција со 4,6 милиони и вкупно 156,5 милиони за шест недели.