Домашните миленици, а особено мачките, може да бидат сосема тврдоглави и со тежок карактер, скоро како и луѓето.
Сосема е погрешно да се верува дека сите мачки се однесуваат на еден начин, кучињата на друг, а папагалите на трет, бидејќи секое животно како единка има свој карактер, колку и да ни се чини тоа неверојатно.
Ако сте горд сопственик на мачка, а ви се чини како нешто да не ѝ е погодено, тогаш следете ги овие знаци кои може да ви покажат дека ви се лути:
Чудно мрдање на опашката
За мачките можете да научите многу само од набљудувањето на нивната опашка. Општо е познато дека кога панично ја мрдаат лево десно, тоа значи дека нешто ги вознемирува и дека се лути.
Ширење или собирање на зениците
Погледот на мачките тешко се чита, но ако зениците им се чудно проширени или чудно собрани, можеби треба малку да се повлечете и да им оставите простор.
Ушите им се рамни
Обратете внимание како им се поставени ушите. Ако им се израмнети со површината на главата, тогаш тие чувствуваат закана или лутина и можно е за кратко време да нападнат.
Бегаат од вас
Еден од најточните начини да процените како мачката се чувствува покрај вас е дали бега кога сте во близина или можеби воопшто не ви се доближува. Некогаш може да е во истата соба и за инает да е далеку од вас, но ако бега во друга просторија тогаш ви е сериозно лута.
Изгледаат попуфкасто
Мачката станува „поголема“ ако е вознемирена, односно се накострешува, а со тоа изгледа и попуфкасто од обично. Ова им е природен инстинкт на штитење, да изгледаат поголеми и со тоа пострашни отколку навистина се.
Вршат нужда врз ваши предмети
Многу мачки кога се лути уринираат или го оставаат изметот во близина на ваши предмети. Посуптилен знак за нивното расположение кон вас не ни можете да имате.