Зошто “признанијата” на Путин за анексија на Крим не му штетат на имиџот ? Бидејќи неговиот систем се крепи не на законите, ниту пак на моралот, туку единствено и само на цинизам, тврди рускиот новинар Олег Кашин.

0,,18317516_303,00

Го обвинуваат Путин дека се обидувал да ги врати русите на патишта од времето на Советскиот Сојуз. Но за да дознаеме колку неодржливи се овие обвинувања, доволно е да се потсетиме како дејствуваа своевремено советските лидери. И што зборуваа по анексија на трите балтички држави.

Што би му рекол Сталин на Еренбург?

Да замислиме дека година по пристапувањето на Литванија, Летонија и Естонија кон Советскиот Сојуз Сталин е замолен да даде интервју на, да речеме, познатиот руски публицист и општественик Илја Еренбург. И во ова интервјуто тој му признава дека со Хитлер се договориле да ја поделат Европа на зони на влијание, по што Црвената армија ќе се вмеша во балтичките држави,ќе ги уапси двајцата претседатели (третиот успева да избега) ќе етаблира во нив диктатура на московски емисари, под нивна контрола ќе се спроведува фиктивни парламентарни избори, а избраните на нив фиктивни парламенти ќе ги ратификуваат диктираните од Москва решенија за пристапувањето на балтичките држави кон Советскиот Сојуз.

Денес знаеме дека тоа е токму така – договор со Хитлер имало, како и советска окупација и фиктивни избори. Но, оваа вистина децении не беше на глас во јавноста – темата си остана табу дури до крајот на советската власт.

Безалтернативната официјална верзија беше сосема друга: работниците и селаните во балтичките држави ги симнале буржоаските влади, ја утврдиле советска власт и ја повикале Црвената армија да ја чува.

Оној идеократиниот СССР имаше потреба токму од таква верзија. Таа немаше ништо заедничко со реалноста, но пак целосно одговараат на советската идеологија. Никогаш и под никакви околности Советскиот Сојуз не би признал дека се однесувал како една империјалистичка држава-агресор. Бидејќи тоа ќе ја поткопа идеолошката основа на државата и би и нанел катастрофален удар. Токму таков удар СССР доби кон крајот на 1980-те години. И овој удар го уништи.

Лагата на Путин

Во Путинова Русија работите стојат поинаку. Откако речиси една година не запираше да повторува дека во Крим нема руски војници и дека пристапувањето се случило како резултат од референдум одржан на полуостровот , сега Путин одеднаш ги демантираше свои зборови. Што значи само едно – дека досега лажел. Сега тој ни соопштува дека одлуката за анексија на Крим е донесена лично од него уште пред бегството на украинскиот претседател Виктор Јанукович, а руски десантни маринци и други посебни дединици биле испратени на полуостровот уште пред референдумот. Секое едно од овие сведоштва на Путин е сензационално – со нив тој ги побива не само свои зборови, но и официјалната руска верзија за пристапувањето на Крим. Зарем Путин не разбира колку е опасно да го признае сето ова?
Разбира – и уште како. Но во исто време многу добро знае дека ваквите сведоштва не можат да му наштетат. Во неговата Русија цинизмот се претворил во идеолошка основа на државата, заземајќи го местото на марксизмот-ленинизмот од времето на Сталин и Брежнев. Се покажа дури дека оваа основа е посилна од било кои религии и идеологии. Целосно бесмислено е во систем кој се базира на цинизам, да ги обвинуваш нејзините лидери за лаги, неисполнување на ветувања, корупција или изборни нерегуларности. Во овој координатен систем измамата е едвај не доблестна постапка. Прво, затоа што сите прават така. И второ, затоа што секој кој ќе успее да ги “надлаже” другите, е рамна во случајот. При тоа воопшто не е важно какви методи се користат – не постојат ниту морални, ниту правни ограничувања.

Закон? Моралот?

Путин сака да ги советува противници да одат на суд, ако нешто не им се допаѓа. Секој сепак знае дека независноста на судството е само условно. Нешто повеќе дури – таа е директно потчинета на извршната власт. Што сепак сосема не значи дека Путин не е во право. Бидејќи во денешна Русија самата правда е претворена во цинизам. И победува оној кој е поголем циник.

Но, што го натера Путин да се прилагоди на официјалната верзија за пристапувањето на Крим, признавајќи ја на пракса сопствената лага? Сосема можно е причината за ова да е банална суета (ако одлуката навистина е донесена од жителите на Крим на референдумот, каква е тогаш заслугата на Путин?). Исто така е можно ова да е некаква порака до Западот. Или кон лидерите во Крим – за да не мислат дека е нивна заслуга за пристапувањето на полуостровот кон Русија.

Всушност, нема никакво значење каква е вистинската причина за постапката на Путин. Тој знае дека во оваа игра ништо не се случува според правилата и дека лагата не може да му наштети. Признанијата за Крим би изгледало нелогично, ако зборуваме за еден шеф на држава кој признава дека циничното однесување му носи штета. Меѓутоа, Путин веќе 15 години ни покажа дека колку повеќе цинизам манифестира, толку отпорнен станува неговиот системот. Бидејќи тој се крепи токму на цинизам, а не на законот или на моралот.

Слични содржини