Црвена коса и поинаков стил: Вака изгледала Шакира пред 24 години (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Шакира важи за една од најатрактивните пејачки во светот и постојано ги воодушевува луѓето, како со своите вокални способности, така и со своите танцувачки способности.

Таа неодамна привлече големо внимание кога ја објави песната „Music Sessions Vol. 53“ во кој таа го осуди својот поранешен партнер, фудбалерот Жерар Пике, неговата нова девојка, како и мајката на фудбалерот.

Песната брзо стана една од најслушаните и има милиони прегледи на Јутјуб, а фановите ширум светот ја поддржаа пејачката.

Иако е позната по долгата руса коса, Шакира и претходно експериментирала и менувала фризури, а ние имавме можност да видиме како изгледа со црвена коса.

На интернет кружи фотографија направена во 1999 година, кога Шакира имала 22 години и е со поинаков стил од оној што го негува денес.

Многумина во коментарите напишаа дека им се допаѓа црвенокосата, а имаше и такви на кои сега повеќе им се допаѓа.

Слични содржини