ЦУК: Кракот на пожарот кој се движеше кон село Кошино е ставен под контрола

од Stefanija Kuzmanovska

Кракот на пожарот кој се движеше кон село Кошино, Општина Долнени, со исклучително прецизно и координирано дејство на Ер Тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување е ставен под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи.

Оттаму информираат дека се уште горат уште два крака со нискостеблеста деградирана шума, а на терен се уште се активни пожарникарите од ТППЕ Прилеп.

„Рано наутро со првите мугри ќе се продолжи со гаснење на пожарот за кој очекуваме да стивне во текот на ноќта. Два полициски хеликоптери во 5.00 ќе бидат подготвени да полетаат доколку процениме дека има потреба од нивен ангажман“, наведуваат од ЦУК.

Слични содржини