ЦУК: На пладне само два активни пожара

од desk2
13 прегледи

Според Центарот за управување со кризи, на територијата на земјава во 12 часот имало само два шумски пожара, кои се под контрола.

1. Општина Берово – Планина Готен кон Малешевските планини (бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација).
2. Општина Долнени – с. Стровија, позади место викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума).