ЦУК со детали околу потрагата по лицето кое се фрлило во Вардар

од Stefanija Kuzmanovska

Од Центарот за управување со кризи информираат дека согласно последните информации за текот на потрагата по лицето коешто се фрлило во водите на Вардар, во моментот дел од специјалните сили на Министерството за внатрешни работи со нуркачи, чамци и специјална опрема, вршат потрага по течението на речното корито на реката Вардар кај мостот Близнак на Бул. Србија и низводно.

Од дежурниот ситуационен центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК) е остварена комуникација и координација со Генералниот секретар на Црвенот крст на Град Скопје, при што е договорено ако лицето не биде пронајдено во текот на денешниот ден, Црвениот Крст во текот на утрешниот ден, рано наутро да испрати свои тимови (најверојатно два тима) со опрема и возила за да вршат пребарување на теренот по течението на реката Вардар, лево и десно низводно долж речното корито.

Утрово во 06:00 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од Мостот Близнак на Булевар Србија се фрлило во речното корито во надојдените води на реката Вардар.

 

Слични содржини