Д-р Ана Глигиќ: И вакцинираните лица мораат да носат маски

од Stefanija Kuzmanovska
843 прегледи

Сите вакцинирани додека вирусот е во циркулација мораат да носат маски. Вирусот е во животната средина, важно е и ние вакцинираните да не го фатиме вирусот, бидејќи тој ќе најде начин да се размножи во организмот, но антителата ќе го неутрализираат многу брзо и клиничката слика или нема да се развие или ќе биде блага, порача вирусологот Ана Глигиќ.

Д-р Глигиќ за N1 вели дека сега е многу важно што е можно повеќе луѓе да се вакцинираат што е можно побрзо.

Објаснува дека сега нема време за анализа на антитела, бидејќи тоа е голем потфат, што се прави кога ќе помине епидемијата.

„Антителата се појавуваат од четвртиот ден по вакцинирањето, па се до 14-тиот ден, кога се многу мерливи, а својот максимум го достигнуваат од 21-ви до 28-ми ден и се одржуваат на тоа ниво подолго време. Потоа имаме пад и тие имаат повторно зголемување по ревакцинацијата. Многу е важно таа да се направи помеѓу 21-ми и 28-ми ден, бидејќи го стимулиравме имунитетот со првиот, ги разбудивме мемориските клетки, а со вториот напад на вакцината значително ќе ги зголемиме мерливите антитела“, објасни вирусологот.

Слични содржини