Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил ја сподели животна приказна и борбата со ковид-19 на докторката Анета.
Таа раскажува за искуството со вирусот и порачува секогаш кога пациентите имаат било каков проблем да се консултираат со лекарите.
-Коронавирусот за нас е сè уште една непозната, а и страшна болест. И голем предизвик за мене како доктор, а и а сите здравствени работници. Значи, ги учиме сè уште симптомите, многу е потешко од грипот, трае многу долго, има периоди на влошување, така да не знаеш, во кој момент како ќе излезеш од сето тоа.Уште еднаш ако треба да прележам ковид-19, не знам дали ќе издржам, психички е многу тешко. Ги имав буквално сите симптоми, тешко дишење, болки во градите…- вели во видеото доктор Анета.
https://www.facebook.com/USEmbassySkopje/videos/281212193152437/