149
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Георгијев на својот ФБ профил јавно го изрази своето разочарување од непочитувањето на самоизолацијата.
– Ако сте имале конткат со некој заболен или сомнителен за корона инфекција не се рашетувајте секаде, со мотото „немам гајле”. Остани дома, прекини контакти, пријави се, тестирај се. Заштити се себе, најблиските, колегите и медицинските работници. Да не си играме, додека не стане доцна. После веќе ништо нема да биде исто, вели Георгијев.
Вчера во се регистрирани осум случаи позитивен на Ковид 19 во Штип. Епидемиолозите ги чекаат резултатите од брисевите кои се испратени во текот на вчерашниот ден.