Во моментот работиме со она што го имаме, без ивермектинот и се надеваме дека со лекот ќе имаме подобри резултати. Се надеваме дека она што го читаме за него има охрабрувачки резултати, се додека не дојдеме до вакцината и бројката на колективен имунитет, вели доктор Ален Георгијев, директор на кличичката болница во Штип во 24 анализа.
Георгијев вели дека минатата година не изместила од колосек и се барало волшебен лек, но таков лек за вируси не постои. Рече дека добиле и одредена количина на лекот Ремдисивир и во ако има потреба, ќе се дава на пациентите во коорднација со Инфективната клиника.
Воедно тој истакна дека вакцината дава резултат и е веќе пријавен на листата на здравствени работници кои ќе ја примат вакцината која ќе дојде во земјава.