Едното не оди без другото, вакцинацијата е неопходна, заедно со почитување на мерките, изјавува д-р Марија Гњатовиќ за ТВ Б92.
Таа посочи дека е важно да се вакцинираат што повеќе луѓе, но дека е потребно да се почитуваат сите мерки што се преземени со цел да се потисне вирусот.
Кога станува збор за британскиот вид на вирусот, д-р Гњатовиќ вели дека е докажано дека овој вид е позаразен.
„Знаеме дека е позаразен, но нема големо влијание врз промената на клиничката слика. Потврдена е поголема инфективност и тоа веќе можеме да го видиме на теренот. Едно лице ќе зарази двојно повеќе луѓе отколку во онаа варијанта која постоеше во Србија досега“, рече Гњатовиќ.
Таа посочи дека во светот има многу видови на коронавирус, дури до 12.000, но дека во Србија засега е регистриран само британскиот вид.
Д-р Гњатовиќ наведува дека секоја вакцина е ефикасна и против овие соеви.