Д-р Кон: Ситуацијата е далеку од поволна

од Aleksandar Petrovski
138 прегледи

Епидемиологот и член на Кризниот штаб на Србија, Предраг Кон, изјави дека ситуацијата кога станува збор за епидемијата на вирусот корона е далеку од поволна, но дека епидемиолошката крива е зарамнета благодарение на примената на мерките.

„За прв пат применуваме вакви мерки, само маски и гледаме дека падот на бројот на заразени луѓе оди бавно и тој пад веројатно ќе трае подолго отколку во првиот удар“, рече Кон за ТВ Прва.

Тој додаде дека се добива впечаток дека постојано ќе имаме намалување на бројот на заразени лица додека се применуваат мерките и дека понатамошната состојба ќе зависи од однесувањето и примената на мерките.

Слични содржини