Д-р Мехмедовиќ: Апелирам до родителите да ги вакцинираат децата против морбили

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

Во моментов состојбата со респираторните болести што циркулираат периодов е стабилна информираше денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ по состанок на Комисијата, потенцирајќи дека со цел да се задоволат потребите на граѓаните, Институтот за микробиологија почна со тестирање, а исто така Министерството за здравство ќе достави брзи антигени тестови до сите здравствени институции со цел пациентите да не бидат изложени на дополнителни трошоци.

Мехмедовиќ апелираше до родителите да ги вакцинираат децата против морбили, бидејќи како што посочи, процентот на вакцинирани деца е далеку од посакуваното ниво од 95 проценти.

„Можно е да се појави епидемија на морбили, вакцинацијата е задолжителна, а родителите треба да го испочитуваат тоа и да го заштитат здравјето на своите деца“, додаде портпаролот на КЗБ.

Слични содржини