Децата кои имаат недостаток на овој минерал имаат проблем во растот и развојот! Еден од најважните елементи на човечкото тело секако е цинкот.
– Повеќето витамини во доволна мера ги внесуваме со редовна исхрана: проблем претставуваат минералите. Кога ќе ви кажат „пијам некои минерали“, тие некои минерали се многу поважни затоа што храната има недостиг од нив, а без нив нема живот. Јас секогаш започнувам од есенцијалниот минерал, а тоа е цинкот затоа што живееме во област која има недостаток на оваа супстанца. 300 ензими во нашиот организам не можат да функционираат без цинк. Неопходен е за плодноста. Жените и мажите кои сакаат дете секогаш треба да пијат цинк. Децата кои имаат недостаток на цинк имаат проблем во растот и развојот – објаснува д-р Бранимир Несторовиќ.
За да се избегнете симптомите предизвикани од недостаток на цинк, потребно е да вклучите месо во вашата исхрана, како говедско, јагнешко, потоа јајца, семки од тиква, грашок, интегрални житарки, морски плодови – особено остриги, ореви, спанаќ , млеко, вино, соја, лук, зелка. Исто така, сардините, сувото овошје, како и интегралните житарки се многу богати со овој елемент.
Цинкот има интересен ефект бидејќи ги блокира местата каде што се врзуваат вирусите. Цинкот мора да се зема во форма на додаток во доза од 10 до 15 mg на ден за возрасни.