Да не проговореше Поповски ќе го сметавме за мудрец
Вечерва од првата Тв дебата во која учествуваше и еден носител на листа од ВМРО ДПМНЕ, разбравме дека
Министерот за надворешни работи Поповски и натаму ја убедува светската јавност дека во Македонија опозицијата ги прислушувала владините министри, се прислушувала себе си и новинарите цели 7 години додека тие биле на власт.
Колку ли сите партнери во неговите разговори му се смеат на таквите глупости?
Тој ист министер им раскажува на странските новинари дека клучниот доказ на неговата влада за вмешаност на странски служби во прислушувањето кое го вршела опозицијата е некаква изјава на лидерот на опозицијата, која тие не ја проверувале туку само на жими мајка и веруваат.
Министерот за надворешни работи Поповски кој на секоја средба со партнерите од САД и од ЕУ ветува целосно подршка за работата на СЈО, тврди дека се што до сега има откриено Специјалното јавно обвинителство во врска со прислушувањата и криминалот на власта ,не се темели на било какви докази туку е само политичка пропаганда на опозицијата.
Тој човек бесрамно ја лаже меѓународната јавност. И од позицијата министер за надворешни работи предизвикува потсмев кај секој од оние странски претставници со кои се сретнува
Тој е само уште еден од оние што живеат во светот исполнет со лаги од Груевски.
Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов