
Да живееш во куќа од контејнери за испорачување на производи и тоа во животна средина како што е пустина тоа може да не звучи како забавна идеја, но откако ќе ја видат оваа зачудувачка креација на дизајнерот од Лондон Џејмс Витакер, може и да го сменат своето мислење.
Куќата има површина од 200 квадратни метри, има кујна, дневна соба и три одделни спални соби. Интересно е дека таа е направена од поврзани контејнери лоцирани под различни агли, создавајќи илузија на цвет во пустина.
Станот е создаден за филмски продуцент кој има страст за креативни проекти.
„Претходно оваа година на мојот клиент во Лос Анџелес му гостуваа пријатели кои ја посетиле и парцелата на домаќинот во националниот парк Џошуа Три во југоисточна Калифорнија“, раскажа Џејмс.
„Тогаш дама од компанијата вели: “ Знаеш што би изгледало одлично тука? “, По што го отворила лаптоп, за да им покаже на сите фотографија која ја видела на интернет. Сликата говорела за проект направен пред неколку години, кој никогаш не бил реализиран. Значи при следната посета на Лондон, клиентот се поврза со мене и побара да се сретнеме “, ја продолжува приказната дизајнерот.
Така доаѓа до создавање на проектот и изградбата, која се предвидува да започне следната година.
По завршувањето резиденцијата, ќе биде придружена од соларни панели на покривот на гаражата, ќе понуди неверојатна глетка кон околниот пејзаж кој се простира од многуте прозорци и големата дрвена веранда.
Слики на нестандардниот проект може да ги разгледате во нашата галерија.