Дачиќ: Големите сили да објаснат, дали вирусот е природен или лабораториски, дали станува збор за биолошка војна

од Aleksandar Petrovski
202 прегледи

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека е неопходно да се анализира потеклото на вирусот.

Според Дачиќ, од почетокот на кризата исчезна заедничкиот став на ЕУ.

„Мислам дека големите сили ни должат објаснување, пред сè ООН и Советот за безбедност – без разлика дали станува збор за природен вирус или лабораториски, без разлика дали станува збор за биолошка војна“, вели Дачиќ, наведувајќи дека постојат различни теории.