Дали честото миење на коса ќе ви помогне таа да биде здрава и сјајна?

454 прегледи

Околу миењето на коса не постои официјално мислење, но заедничка препорака е дека секојдневното миење сепак не е најдобро решение.

Секојдневното миење на косата ја оштетува и суши. ногу од шампоните содржат хемикалии како сулфат, кој се користи во производството на сапуни. Секојдневното миење особено и штети на долгата коса. Кај кратката коса тоа не е голем проблем, но на долгорочен план можат да се оштетат заштитните масла на самата коса.

Повеќето експерти се согласуваат дека доволно е косата да ја миете на секои два до три дена, но тоа зависи од типот на косата.

Бринетите со густа коса и Азијатките често имаат коса која често се мрси, па кај нив пожелно е почесто миење, на пример три или повеќе пати неделно. Обоената коса и онаа која е третирана со хемикалии, доволно е да се измие и еднаш во неделата, бидејќи не се масти често.

Животните навики се дополнителен фактор, па доколку многу вежбате и се потите, користите производи за нега и обликување на косата или работите во валкана околина, ќе морате да ја миете почесто.

Дали начинот на миењето влијае врз косата?

Да. По изборот на шампон кој одговара, најважно е да се внимава на кој начин ја миете косата. Внимавајте водата да не биде премногу топла бидејќи на тој начин побрзо ќе ги отстрани заштитните масла и ќе ја исуши косата. Што поладна водата, тоа подобро ќе ви изгледа косата по миењето.

Слични содржини