Стручњаците советуваат овој дел од вешот да го соблекувате што почести, а најдобро да го избегнувате. Еве зошто.

За повеќето жени, не постои подобро чувство, од она кога ќе си дојдат домаи ќе го фрлат градникот.
Иако повеќето жени и понатаму го носат, затоа што сметаат дека така градите ќе им останат подолго време цврсти и убаво обликувани. Научниците докажаа дека нема оправдана причина за тоа.
Професорот ЏИн Денис Ролан од Медицинскиот универзитет Безансон во Франција откри дека брусхалтерите нема да ги спречат градите со време да се опуштат.
Место тоа, брусхалтерот всушност влијае на растот и постигнување природен облик на гради.
Во студија во која учествуваа 330 волонтери, на возраст од 18 до 35 години, секоја од нив ги мерела своите гради повеќе од 15 години.
Резултатите покажале дека кај жените кои не носеле градник, градите во просек растеле по 7 мм секоја година. Нивните гради биле многу поцврсти за разлика од оние на жените кои постојано носеле градник.