ДАЛИ Е КОРОНА ИЛИ АЛЕРГИЈА? Докторка откри што ја прави главната разлика

од Stefanija Kuzmanovska

Како најчести последици од прележана корона се јавуваат замор, болка во градите, отежнато дишење, недостаток на сила и хроничен замор, несоница, намален апетит и главоболки, а поретко некои невролошки нарушувања и губење на слухот.

Сите овие симптоми лесно може да се помешаат со пролетните алергии. Имунологот д-р Гордана Петровиќ зборуваше за превенцијата, но и борбата со алергиите, како и зајакнувањето на имунитетот во „Пулсот на Србија“ на телевизијата Курир.

– Огромното мнозинство на алергии е реакција на полен, тоа е премногу силен одговор на имунолошкиот систем. Ако имунитетот е силен и стабилен, тој може да има исклучително силен одговор на поленот – вели д-р Петровиќ.

Таа наведува дека присуството на температурата е главниот показател дали станува збор за корона или алергија.

– Она што значително помага е дека луѓето кои имале некои реакции во овој период во претходните години ќе ги имаат и сега. Значи, кај некој што не се случува за првпат, тоа во голема мера ја олеснува дијагнозата, меѓутоа, ако некому му се случи за првпат во животот, тогаш треската е главниот индикатор за присуство на вирусот – вели д-р Гордана.

Исто така наведува дека е многу важно алергиите кај децата строго да се контролираат.

– Кај мали деца, имаме случај дека ако самата алергија не е под контрола, децата полесно се разболуваат – предупредува таа.

Слични содржини