Дали е можно да се заразите со коронавирусот преку евро банкнотите и монетите?

од Nikola Popovski
229 прегледи

Не постои значителен ризик да се заразите со новиот коронавирус преку употреба на хартиените и метални банкноти од евро, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).

Ова, наводно, било утврдено со лабораториски тест, кој покажал дека вирусот преживувал многу подолго на другите површини, пренесува порталот „Local France“.

Парите сè уште се користат во 19 земји од еврозоната. Сепак, бројни продавници бараат од клиентите да се префрлат на безконтактно плаќање за да избегнат ракување со банкноти и можен контакт со заразено лице.

Членот на извршниот одбор на ЕЦБ, Фабио Панета изјавил дека лабораторискиот тест покажал дека стапката на преживување на вирусот е 10 до 100 пати поголема на не’рѓосувачките површини, како што се рачките на вратите, отколку на банкнотите.

„Другите анализи покажаа дека вирусот е многу потежок за пренесување преку порозни површини како што се памук или хартија отколку на мазни површини како што е пластика“, рече Панета, додавајќи дека банкнотите на еврото се отпечатени на хартија од памучно влакно што ги прави отпорни.

Панета исто така заклучил дека банкнотите не претставуваат ризик од инфекција во споредба со другите типови површини со кои луѓето секојдневно доаѓаат во контакт.

Повеќе од 340 милиони Европејци го користат еврото, готовината е доминантен начин на плаќање и е особено популарна во Германија, Франција и Шпанија, соопштува новинската агенција Танјуг.