Дали е оправдана загриженост дека маските го намалуваат внесот на кислород?

од Берта Китинска
315 прегледи

Постои неоправдана загриженост дека маските за лице може да го намалат внесот на кислород и дека може да доведат до ниски нивоа на кислород во крвта, што е апсолутно неточно, вели во интервјуто за „Локално“, доктор Злате Мехмедовиќ.

-Маските се направени од материјали кои не го спречуваат кислородот што му е потребен на вашето дете. Носењето маска за лице не може да го спречи нормалното развивање на белите дробови децата, но може да ги спречи респираторните капки кои го содржат вирусот. Инфекцијата со ковид може да ги оштети времено или трајно белите дробови на децата. Воедно лажни се тврдењата дека маските за лице може да доведат до труење со јаглерод диоксид од повторното вдишување на воздухот што вообичаено го издишуваме. Молекулите на јаглерод диоксид се многу мали, дури и помали од респираторните капки. Тие не можат да бидат заробени од материјали кои се користат заизработка на маски. Здравствените работници во текот на цела оваа пандемија носат тесни маски речиси по цел ден како дел од нивната работа без никаква штета по нивното здравје, објаснува Мехмедовиќ.

Слични содржини