Дали е ова моментот кога Ѓоковиќ се зарази со корона? (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
175 прегледи

Новак Ѓоковиќ соопшти дека е позитивен на тестот на коронавирус.

Српските медиуми пренесуваат дека веројатно е познато и местото од каде што тој се заразил.

Имено, покрај тоа што тој постојано се дружеше со Димитров во Белград, па дури и го гушна, веројатно детаљот од егзибицискиот кошаркарски натпревар во Задар бил фатален за здравјето на Србинот.

Имено, во приложеното видео се гледа како Димитров го грабнува Ноле, цел испотен, го влечи на подот и го гушка, за овој да стане и да поентира.

Многумина сметаат дека тој се заразил и во текот на настанувањето на оваа фотографија.