Дали ќе не „чипираат“ со цел да го уништат коронавирусот: Нано-чиповите се можната иднина на човештвото

од Nikola Popovski
285 прегледи

Иако дебатата за вистинската ефективност и степенот до кој ќе се наруши приватноста, слободите и правата на граѓаните, во Европската унија и Америка, по примерот на некои азиски земји и Израел, се прават подготовки за воведување на телефонски апликации за следење и алармирање на граѓаните за заканата од лицата со коронавирус во нивна близина.

Во исто време, засега, со скромно внимание, се разви дебата во Белгија и Франција за тоа дали вакцината за коронавирусот, на чија изработка работат многу земји, ќе содржи и микроскопски нано-чип, кој би бил внесен во телото на луѓето што треба да се вакцинираат.

Белгискиот доктор, поборник за природни лекови и третмани, д-р Тиери Шмиц, педагошки директор на Европскиот институт за природна медицина, го привлече вниманието и потврди дека, во соработка со Светската здравствена организација и фондацијата Бил Гејтс финансира седум проекти за вакцина, меѓу кои и внесување на нано-чип во човечкото тело.

Нано-чипот ќе им овозможи на „надлежните институции“, здравството и другите органи да го следат целосно она што се случува во телото на граѓанинот, како и каде се движат и со кого се во контакт, иако идентитетот на граѓаните ќе мора да остане скриен.

Белгискиот доктор смета дека лесно може да се премине линијата помеѓу контролата на инфекцијата и надзорот на граѓаните, а особено укажува на фактот дека веќе постои тестирање по вакцина што би била вградена во човечкото тело како „тетоважа“.

Шмиц тврди дека Бил Гејтс веќе инвестирал 250 милиони американски долари во истражување за пронаоѓање на вакцини против коронавирусот и вели дека луѓето кои ќе се вакцинираат со нано чип, би добиле и некој вид „пасош“ што го потврдува тоа. Тој исто така наведува дека експеримент со таков чип – вакцина веќе бил извршен врз три илјади бегалци во Тајланд.

Водечкиот американски виролог Енди Гаучи предупредува дека епидемијата на коронавирус повторно ќе го нападне светот на есен, а германската канцеларка Ангела Меркел изјави во парламентот дека „ние сè уште одиме на прилично тенок мраз и сè уште сме на почетокот на пандемијата“.

Затоа, Германија одлучи да воведе можност граѓаните, кои сакаат да го сторат тоа, да вклучат во своите смарт телефони новоразвиена апликација за следење на нивното движење и добивање информации за лица заразени со коронавирус во нивна близина.

Како Google и Apple во САД, некои земји-членки на ЕУ работат на воведување на таква програма на мобилните телефони.

Медиумите во Европската унија се поделени околу тоа колку следењето на движењето на вирусот и блискоста на граѓаните со заразени лица преку телефонски апликации, навистина би била важна во борбата против болеста и колку тоа носи со себе закана од некои власти, кои би ја користеле за поширок надзор на населението.

Така, ирскиот весник „Ајриш Тајмс“ смета дека апликацијата за да биде ефективна, мора да биде под контрола на надлежните органи, националните здравствени установи, но дека мора да биде временски ограничена, така што корисникот на апликацијата може да ја избрише кога ќе помине епидемијата.

Како и да е, вистински немир беше предизвикан од одлуката на европскиот конзорциум „PEPP-PT“, кој ја комплетира работата на оваа апликација, кога на веб-страницата за техничките карактеристики на оваа програма го избриша ставот дека „се обврзува да го користи децентрализираниот протокол во технологијата“, со што ќе се даде целосен увид во целиот тек на креирање и содржина на апликацијата.