Научниците од Германскиот вселенски центар (DLR) почнаа со монтажа на напреден стакленик на Антарктикот, кој треба да одговори дали во вселената може да се одгледуваат билки и да се произведува храна.

Првото семе ќе го посеат во февруари, а првите главици зелена салата треба да бидат набрани во март, наведува navodi DLR. Стакларникот на замрзнатиот континент стигна со брод на 3 јануари.
Специјални возила го одвлекоа на 20 километри оддалечената станица (Neumayer III), која се наоѓа во рамки на Институтот Алфред Веагнер.
Меѓутоа, најважно е она што е внатре: зеленчук и билки кои, ако им се верува на анучниците, во современиот стакларник ќе растат без земја и дневна светлина.
„Ќе поставиме полици, пумпи за хранење и специјални LED светла за оптимално осветлување“, вели Даниел Шуберт, директор на проектот Eden-ISS.
Се работи за проект на Европската унија кој за цел има одгледување свежа храна за астронаути на долги мисии на Месечината и на Марс.