Дали навистина коронавирусот може да преживее со недели на одредени површини?

од Nikola Popovski
295 прегледи

Прво беше откриено дека коронавирусот на крузерот „Дајмонд принцес“ преживеал 17 дена. Седумнаесет долги дена откако сите патници си заминаа, тој сè уште бил во кабините. Потоа се редеа голем број други случаи на пренесување на смртоносната болест.

Научниците во Јапонија, Сингапур, Финска, САД итн не го кажуваа тоа напамет. Тие правеле истражувања, користеле лаборатории, правеле анализи.

Но, што ако тие не биле во право?

Што ако коронавирусот не се шири низ супермаркетите, рестораните, салоните за коса?

Кон крајот на март во Германија започнал интересен експеримент. Во Хајнсберг, град на границата со Холандија – кој, заради големиот број на пациенти, ја имал титулата „германски“ Вухан – основана била „жива лабораторија“. Водечките германски инфектолози секојдневно следеле 1000 луѓе и бележеле однесување во рамките на 500 домаќинства. Тие ги посетувалеучилиштата и градинките, болниците, парковите, продавниците … и земале примероци и ги анализирале во лаборатории, со единствена цел: да се открие колку коронавирусот може да опстане на мобилните телефони, рачки од вратите, далечинските управувачи од ТВ и чашите за кафе. Како всушност шири, дали кучињата или мачките можат да го пренесуваат, колкав е процентот на „скриените“ носители на вирусот – биле само дел од прашањата.

Според првичните резултати, ниту еден жив вирус не бил пронајден во домовите на заразените семејства во Хајнсберг. На било која површина. Стакло, пластика, дрво.

Во лабораторијата не успеале да го детектираат вирусот врз основа на овие примероци.

„Вирусот се шири на друго место. На забавите во ски-центрите во Тирол, фудбалкиот клуб во Берлин, фудбалскиот натпревар во Бергамо … Не постои значителен ризик од зараза при купување. Заразата не се шири со допирање на истите предмети, туку со подолг престој на поголема група луѓе во непосредна близина“, тврди др. Хендрик Стрејк, директор на Институтот за инфектилогија при Универзитетска болница во Бон. Особено нагласувајќи една работа: Ковид-19 можеби не се шири толку лесно како што првично верувавме.

„На пример, некој што е заразен кашла во рака и ја допира рачката на вратата со таа рака. Веднаш потоа, друга личност ја допира истата рачка и веднаш после го допира лицето со раката. Според ова, има навистина малку шанси вирусот да се пренесе преку т.н. „заразени површини“, објаснува Стрејк.

Претходно, германски научници тврдеа дека коронавирусот е „исклучително чувствителен“ на сушење и единствениот начин да се „заразите“ е преку вдишување на воздушните капки.

Доколку се потврдат резултатите добиени во понатамошните студии, наскоро е можно целосно да се отворат рестораните, хотелите, фризерските салони и продавниците.

Секако, прашањето е и како е можно научниците од другите делови на светот да дојдат до сосема различни заклучоци. Коронавирусот е нов и многу работи околу него се уште се непознати. Во првите месеци, сите тапкавме во место.

И сè уште не знаеме какви нови изненадувања не очекуваат.