Дали навистина се бара од Вучиќ да го признае Косово: Ова е барањето доставено пред Белград во Белата куќа

од Nikola Popovski
200 прегледи

На состанокот во Белата куќа  меѓу српските и косовските власти било поставено барање пред делегацијата од Белград, на кое, меѓу другото, било побарано признавање на независноста на Косово. Оваа информација ја потврдил министерот за финансии, Синиша Мали и другиот член на делегацијата, Марко Чадеш, додека специјалниот пратеник на американскиот претседател за преговори, Ричард Гренел се огласи на Твитер и ги демантираше ваквите информации.

„Двете страни се залагаат за заемно признавање и заштита на етничките малцинства, враќање на имотот, решавање на статусот на поединци од државно ниво и се согласуваат секоја година да отвораат канцеларии задолжени за заштита и известување за малцинските права“ стои во ставот 10 од документот доставен до делегацијата на Белград на состанокот во Белата куќа.

Не е целосно јасно на што се однесува „не е точно“ на објавата на Гренел на Твитер – дека тој му дал документ на Вучиќ чија единствена точка е взаемно признавање или дека тој побарал од Вучиќ да потпише таков документ.

После неговата кратка порака, се огласила и американската новинарка Ксенија Павловиќ и ја објавила точната формулација на точката, односно барањето.

https://twitter.com/ksenijapavlovic/status/1301560029389230090?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1301560029389230090%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fpolitika%2F3232920-grenel-tvrdi-jedno-tacka-10-govori-drugo-ovo-je-zahtev-koji-je-stavljen-pred-beograd-u-beloj-kuci