Дали новиот филм за Харли Квин и „Џокер“ се поврзани?

од desk4

Излезе првиот трејлер за самостојниот филм за Харли Квин, девојката на Џокерот, па она што многумина се запрашаа е дали овој филм и оној на Жоакин Феникс се поврзани?

Марго Роби ја репризира својата улога од „Suicide Squad“ во новиот „Birds of Prey: And the Fantabulous Emancipation of one Harley Quinn“, а она што е извесно е дека во трејлерот не се појави нејзиниот сакан Џокер.

Принтскрин

Во момент кога е актуелен филмот со Феникс во главната улога, публиката не можеше, а да не почне со претпоставки дека можеби овие два филма се поврзани. Но, да бидеме кратки во одговорот – не, филмовите не се поврзани. „Џокер“ на Тод Филипс нема никаква врска со проширениот универзум на DC Comics во кој се испланирани повеќе филмови.

Она што DC Comics открија е дека во самостојниот филм „Birds of Prey“, Харли и Џокерот всушност веќе не се заедно. Се појавија и фотографии од кои се гледа мало појавување на Џокерот, но не го глуми Џаред Лето.

Наместо да плаче по изгубената љубов, Харли продолжува со својот живот и се здружува со другите женски херои на DC, меѓу кои и Црната канаринка, која е еден од најобожаваните стрип-локови од овој универзум.

Марго со овој филм сакала да раскаже приказна за „Харли Квин и девојките“, односно нејзина желба била филмот да е посветен само на херојките на DC Comics. Филмот ќе излезе во 2020 година.

Слични содржини